Прометот на индустријата во март годинава бележи пораст од 3,4 отсто во однос на март лани, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, прометот остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 4,6 отсто, на странските пазари пораст од 7,6 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи опаѓање од 1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,6 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Капитални производи за 45 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 49,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто.
Прометот во индустријата во март 2013 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 10,6 отсто, додека во периодот јануари-март 2013 година, во однос на периодот јануари-март 2012 година, пораст од 3,8 отсто.