Претставата „Јулие Цезар“ најдобра на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Од:

Со доделување на наградите за најдобрите, доцна синоќа беа спуштени завесите на 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири предводено од Џеват Лимани за најдобра претстава ја прогласи „Јулие Цезар“ во изведба на театарот „Кујтим Спахивогли“од Тирана а во режија на Ивица Булјан.

Наградата „Сулејман Питарка“за најдобра режија отиде во рацете на Арманд Бора, од театарот Метропол –Тирана, кој ја режираше драмата „Тие влегуваат тивко“.

За најдобар актер и актерка беа прогласени Алфред Требицка од театарот „Кујтим Спахивогли“од Тирана и Вјолца Бектеши од албанскиот театар од Скопје. Доделени беа и награди за млади надежни актери и тоа на Роза Костани и Ервин Бејлери.

Фестивалот за затворен го прогласи градоначалникот Хекуран Дука.

-Задоволен сум што го реализиравме и ова издание на фестивалот и ја продолживме традицијата. Иако во поспецифични услови од вообчаено поради состојбата со пандемијата сепак успеавме успешно да ја реалзраме и оваа многу значајна манифестација за Дебар и дебрани. Ветувам подршка од локалната власт и за наредните изданија на фестивалот и за сите други културни активности, рече Дука.

Директорот на фестивалот Илбер Нуредини искажа задоволство од посетеноста на претставите, посебно нагласувајќи го чувството на задоволство што се продолжува традицијата на одржување на фестивалот,бидејќи поради паднемијата беше доведено во прашање неговото одржување.

Поради пандемијата со Ковид-19 претставите се одржуваа на отворена сцена, во дворот на Општинското основно училиште „Саит Најдени“ а една и пред Центарот за култура,со запазување на протоколите за одржување на вакви културни настани.

Фестивалот беше отворен на на 24 овој месец, а на него настапија театри од нашата држава, Албанија и Косово.Како и изминатите и ова издание беше подржано од Министертвото за култура, од локалната власт, Центарот за култура,како и неколку компании.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“