Белоруските власти ја прекинаа работата на независен информативен портал

Од:

Белоруските власти ја суспендираа на три месеци работата на независниот сајт за вести Tut.by, кој активно го покрива протестното движење против претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Белоруското Министерство за информации соопшти дека работата на сајтот е прекината од 1 октомври до 30 декември.

Привремениот прекин на работата на страницата е донесен во судската постапка што ја започна тоа Министерство поради „информации чие емитување е забрането“.

Во Белорусија има протести од почетокот на август по реизборот на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Главни опозициски личности и новинари се уапсени или принудени на егзил.

Порталот Tut.by, основан во 2000 година, е главната независна медиумска организација во Белорусија, која и претходно беше предмет на притисок од властите. Веб-страницата ги пренесува протестите, емитува видеа и фотографии од собирите на опозицијата и жртвите на репресијата.

Tut.by соопшти дека од 1 октомври го губи статусот на медиум што му овозможува легално да пренесува информации од конфликтни и ризични зони за време на големите протести и други важни социјални настани во Белорусија. Додава дека ќе продолжи да работи како обична интернет-страница.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад