Нов состанок зад затворени врати меѓу Иран и МААЕ

Од:

Во Виена зад затворени врати почна нов состанок меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) околу нуклеарната програма на Техеран.

– Разликите остануваат, но одлучни сме да ги решиме овие прашања, изјави заменикот генерален дикретор на МААЕ Херман Накертс пред почетокот на состанокот, кој се одржува во дипломатската мисија на Иран во главниот град на Австрија.

Главна тема на состанокот е барањето на МААЕ да се обезбеди пристап до сите постројки, документи и научници кои се вклучени во иранската нуклеарна програма.

МААЕ во своите извештаи тврди дека постојат цврсти докази дека до 2003 година, а може и подоцна, иранските научници работеле на истражувања со цел за развој на нуклеарно оружје.

Иран ги отфрла ваквите тврдења, нагласувајќи дека се базираат на податоци на странски разузнавачки служби како што се ЦИА и израелски Мосад.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он