Педесет и едногодишниот Бериј Свигл од Порт Енџелс , поради ограда од жица која неговите соседи ја поставиле против негова волја, со булдожер уништил половина кварт.
Минатиот петок тој седнал во булдожерот и прегазил неколку имоти. Под тркалата на моќното возило, паднале четири куќи, еден брод , автомобил и еден електричен столб, поради кој без електрична енергија останале околу стотина домаќинства.
-Ова надмина се што досега имама видено- изјави полицаец за локален медиум.
Според зборовите на братот на Свигл, оградата му пречела да поминува со своите градежни возила.
-Знаев дека еден ден ќе ја урне оградата, но не и дека ќе ги урне куќите и столбот. Не знаев дека толку е лут – наведе братот на Свиглу.
Штета која ја предизвика Свигл со својата лутина се проценува на неколку стотини илјади долари.
-Ќе мора се да продаде за да им ја исплати штетата на соседите. Барем ќе ја научи лекцијата- изјави братот на Свигл и додаде дека е голема среќа што во куќите во моментот на рушење немало никој.
Елена Георгиевска