Американското воено воздухопловство вчера за прв пат над Атлантикот, го тестираше беспилотното летало „Х-47Б“, со големина на борбен авион.
Главна предност на оваа летало е тоа што може да слетува и полетува од носач на авиони, што значи дека ќе може да се користи ширум светот, без претходно да се бара дозвола од други држави за надлетување.
Беспилотното летало достигнува висина од 12.000 метри и долет од 3.400 километри, а лета со голема брзина, но помала од брзината на звукот
Официјални лица на воената морнарица велат дека новото беспилотно летало ќе го користат за разузнавачки цели, како собирање податоци, надгледување и нишанење.
Од досегашните летала се разликува по големината, но и по тоа што само се управува според претходно подготвена компјутерска програма за лет, но може и операторот од земјата во текот на летот да ја промени задачата на беспилотното летало.
Беспилотнити летала ги употребува американската војска за напади од воздух, но и Централната известувачка агенција. Најмногу се употребуваат на границите на Авганистан и Пакистан каде што главна мета се Талибанците.
Употребата на беспилотни летала е на мета на критики на голем број држави, бидејќи се смета за неетички начин на војување.
Елена Георгиевска