Москва за ситуацијата во Нагорно Карабах: Веднаш да прекине огнот

Од:

Руското Министерство за надворешни работи ги повика страните вклучени во конфликтот во Нагорно Карабах веднаш да престанат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Министерството во соопштението посочи дека состојбата во регионот нагло се влошила.

Утрово се случи нова ескалација во регионот Нагорно Карабах.

Ерменија објави дека Азербејџан започнала офанзива во правец на Нагорно Карабах, додека Баку наведува дека тие преземаат само реципрочни мерки против дејствијата на Ерменија во таа област.

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале по линијата на раздвојување и дека имало жртви меѓу цивили.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски