Османи во Брисел на средби со Борел, Вархеи и други високи претставници на институциите на ЕУ

Од:

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи од утре е во дводневна работна посета на Брисел, каде ќе се сретне со високи претставници на европските институции.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија како и за конференција за иднината на Европа, Дубравка Шуица.

Во рамките на посетата, Османи ќе има средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои потпретседателката на Европскиот парламент, Клара Добрев, копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер, известителот за Северна Македонија Илхан Кјучук, како и други влијателни европратеници.

Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија. Фокусот на Османи е до крајот на оваа година, овој процес да го доживее своето успешно заокружување во рамки на Германското претседавање со Советот на ЕУ, преку усвојување на преговарачката рамка која претставува водечки документ во пристапните преговори и одржувањето на Првата меѓувладина конференција која традиционално го означува почетокот на преговорите за секоја земја аспирант за членство.

Министерот Османи ќе ги претстави приоритетите на својата мандатна мисија, со посебен осврт кон добрососедските односи и придонесот кон регионот, при ште ќе ги реафирмира: силната проевропска програма на новата влада, продолжување на реформските процеси со ЕУ предзнак, особено во делот на владеење на правото, како и социо-економските мерки за справување со последиците од пандемијата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“