Рама: Со или без опозицијата ќе ги добиеме изборите на пролет

Од:

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама не ги крие амбициите за трет мандат и искажува убеденост дека ќе победи на изборите на 25 април 2021 година.

Посочи дека со или без опозицијата победата е на неговата Социјалстичка партија со што директно одговарајќи и на опозицијата за можноста да ги бојкотира парламентарни избори.

-Ние ќе продолжиме со работа. Ниту она што го реков, што правиме и што ќе направиме нема никаква врска со фактот дека следната година има избори. Ние победуваме на изборите, со или без опозицијата. За ова нема дискутира. Ние победуваме над многу ситни индивидуи, над многу индивидуи кои можат да имаат свои нездоволства, зашто народот е помудар од кој било од нас, поединечно,рече Рама.

Според него народот ќе знае „праведно да зборува на денот на изборите“ и оти ниту „една индивидуа не е народ“.

-Им велам на сите што велат дека јас сум народ, дека никој нема мандат и право да зборува во име на народот, освен самиот народ кога ќе дојде денот и тој ќе зборува како што зборува. Убеден сум дека тој повторно ќе зборува директно и ќе му го даде на Бога она што му припаѓа на Бога и на Цезар она што му припаѓа на Цезар,порача Рама.

Последните парламентарни избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година на кои левата коалиција преводена од Социјалстите на Рама вторпат по ред ги доби изборите.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ