Бостон Селтикс ноќеска го совлада Мајами Хит со 121:108 во петтиот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА-лигата, продолжувајќи ја неизвесноста околу патникот во големото финале.
Откако губеа по првите две четвртини, кошаркарите на Бостон го подигнаа темпото во вториот дел, предводени од одличните изданија на младото дуо Џејсон Тејтум-Џејлен Браун, кои заедно постигнаа 59 поени.
Во поразениот тим најпрецизен беше словенечкиот плејмејкер Горан Драгиќ, кој забележа 23 коша. Мајами води со 3:2 во серијата до четири победи, а следна шанса за пласман во големото финале на НБА ќе има во понеделник рано наутро, за кога е закажан шестиот натпревар против Селтикс.