Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

Од:

Британското судство ќе донесе одлука за екстрадиција на Џулијан Асанж по претседателските избори во САД на 3 ноември, изјави денеска судијката Ванеса Бараистер.

Тој се соочува со затворска казна од 175 години за откривање на повеќе од 700.000 тајни документи за воените и дипломатските активности на САД, особено во Ирак и Авганистан.

Почна да објавува доверливи документи во 2010 година.

Разгледувањето на американското барање за екстрадиција истекува следната недела, но судијката Бараистер и одобри на одбраната на Асанж дополнително време да поднесе аргументи.

– Најверојатно ќе ја донесам одлуката по изборите во САД, нагласи судијката, која и даде на одбраната четири недели да ги подготви аргументите, а на американската влада и даде две недели.

Бранителите на основачот на Викиликс исто така изјавија дека одлуката најверојатно ќе биде донесена по изборите во САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија