Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Истанбул се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во пресрет на средбата со турскиот претседател, Вучиќ изјави дека е важно за Србија да има одлични односи и комуникација со Турција, бидејќи таа е една од најважните сили во светот.
Теми на состанокот, како што беше најавено, ќе бидат сите „горливи прашања“ за регионот, но се очекува двајцата претседатели да разговараат и за економскиот развој на Балканот.
Вучиќ изјави дека ќе побара од неговиот турски колега поддршка за една индустриска зона во Србија, бидејќи има неколку турски компании кои се заинтересирани да работат таму.
„Се гледаме често и важно е за Србија да има одлична комуникација со Турција. Таа е една од најважните регионални сили, но исто така и една од силите која е сè поважна во светот, нивниот демографски, економски, културен и секаков друг потенцијал е огромен“, додаде Вучиќ.
На денешната средба ќе се разговара и за договорот за нормализација на економските односи меѓу Белград и Приштина кој беше склучен на 4 септември во Вашингтон.