Анализата на Советот на Европа, врз основа на податоците од 2010 и 2011 година покажа дека од државите во регионот најголем број затвореници има во Србија, 10.955.
Веднаш зад Србија е Хрватска со 5.084 затвореници, а потоа следат Црна Гора и Словенија.
Што се однесува до површината која ја има еден затвореник во затворот, затворениците во Словенија имаат девет квадрати наспроти оние од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина кои имаат само четири квадратни метри.
Престојот на еден затвореник во затворите во БиХ, даночните обврзници ги чини 90 евра односно 2.700 евра месечно, што е меѓу најскапите во Европа.
Доколку се анализира стапката на затворската популација на 100.000 жители, видливо е дека најмногу затвореници има Црна Гора каде што на 100.000 жители во затвор има 214,2, зад неа следува Србија со 150,6 па Хрватска со 115,2 .
Просечната дневна сума која во 2010 година е потрошена за затвореник во европските држави изнесува 93 евра.
Од буџетот на БиХ дневно за затвореник се издвојуваат по 90 евра, додека во Словенија 86 евра, Србија и Црна Гора по 15 , Македонија 11,5 евра.
Во трошоците кои што се пресметани за затвореник во БиХ не спаѓа безбедноста, туку здравствената заштита, комуналните трошоци, одржување евиденција за затворениците, превоз, храна, облека како и програми за рехабилитација.
Советот на Европа изјави дека оваа анализа покажува дека половина од европските затвори се преполни.
Елена Георгиевска