(ВИДЕО) Костадинов: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од коронакризата

Од:

„Уште во првите недели од коронакризата, Владата предводена од СДСМ презеде суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата.

Низ отворен, инклузивен процес се пристапи кон сеопфатна помош на секторите кои беа први на удар“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Преку бескаматните кредити од кредитната линија КОВИД 1 вкупно беа одобрени и исплатени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат над 6.500 лица. Оваа линија беше наменета за компании од угостителската, туристичката и транспортната дејност кои беа и први погодени од кризата.

Со кредитната линија КОВИД 2 одобрени беа 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.

Со двете кредитни линии беа поддржани над 1.300 домашни компании. Она што е важно да се напомене е дека најголем дел од поддржаните субјекти се микро компании кои вработуваат до 10 лица, што во реалноста значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се есенцијата на нашата економија.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството и тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени