Детската претстава „Дружината на Лајко Сезнајко“ вчера гостуваше на Тетарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“, кој се одржува во Штип.
– Среќни сме што во време на светска пандемија се најде начин на отворено да продолжи културната дејност, посебно за најмалите. По серијата гостувања кои ги остваривме овој мсец, планираме да го преадаптираме и тековниот проект „Животните на планетата Земја“ за да може најмалите во нашиот град да погледнат нова едукативна театарска претстава, одиграна од име на новите животински ликови, рече актерката и режисерка на претставата, Јулија Милкова.
Претставата се одигра на отворена сцена пред Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Претставата „Дружината на Лајко Сезнајко“ е дел од проектот „Животните на фармата“ кој го реализира Здружението „Видливост“ од Струмица, а финансиски е поддржан од Општина Струмица.