Сите институции во културата – театри, кината, центрите за култура уште од вчера можат да почнат со работа, но со посебно изготвен протокол од страна на секоја институција, кој треба да биде усогласен со општиот прокол од Владата, рече денеска советничката од Министерството за култура, Јасмина Никуљска.
Таа на прес-конференција посочи дека како Министерство оствариле повеќе средби со Комсиијата за заразни болести, на кои било посочено секоја институција, театар, кино.. да дадат свој предлог протколи за функционирање во услови на пандемија.
Дел од институциите, како што рече Никуљска, ги изготвиле, дел уште ги изготвуваат своите предлог протоколи, а потоа чекале Владата да го објави и усвои општиот протокол за организирање настани.
Додаде дека вчера тој протокол од Владата поминал, и сите институции веќе можат да почнат со работа.
– Вчера на Влада помина општиот прокол за организирање настани, и сите иснтитуции во културата театрти, кината, прехтон и центрите за култура ја добија таа обврска, да почнат со работа. Од вчера може да се почне со постепено отворање на институциите од културата, но секоја институција треба да изготви свој посебен протокол согласно капацитеттите, зато што не сите имаат ист број седишта, но тој да биде усогласен со општиот проткол кој што вчера помина на Влада, рече Никуњска во одговор на прашање.