Првата група бунтовници од ПКК пристигна во Ирак

Од:

Во Ирак утрово пристигна првата група бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) која се повлече од Турција.

Петнаесет членови на ПКК пристигнаа во Харур, село во провинцијата Дохук во ирачки Курдистан.

– Ние сме првата група, која стигна во безбедна зона, изјави Жагар, лидер на групата составена од девет мажи и шест жени.

Бунтовниците биле вооружени со автомати Калашњиков и рачни минофрлачи. Тие биле пресретнати од други членови на ПКК, лоцирани на ирачка територија.

ПКК на 8 мај објави дека борците почнале од турска територија да се повлекуваат кон Ирак, како дел од договорот за мирно решавање на конфликтот. Според договорот околу 2.000 членови на ПКК треба да се вратат во своите бази во планините на Северен Ирак. Процесот на повлекување треба да заврши на есен.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повеќе пати повтори дека бунтовниците нема да бидат нападнати и од безбедносните сили додека се повлекуваат кон Ирак.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак