(ВИДЕО) Кузеска: 309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра

Од:

„Владата предводена од СДСМ презеде и презема ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последиците предизвикани од коронавирусот.

Од самиот почеток на пандемијата, главниот фокус се најранливите граѓани кои и најмногу се погодени од кризата.

СДСМ покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Преку мерката “купувам домашно”, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра.

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош.

Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.

Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании.

Преку мерката “Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.

Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени