Антиќ: За Македонија играме поради љубов кон државата, грбот и знамето

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во интервју за српскиот портал „Мондо“ по освојување на втората по ред европска титула се осврна и за настапите во репрезентацијата за која рече дека игра од љубов, а не за пари.

– Во Македонија немаме многу пари, федерацијата не ни набавува фенси опрема, но играме од љубов кон државата, грбот и знамето, бидејќи знаеме што значи тоа. Се забавуваме, дружиме и гинеме еден за друг. Тоа единствено го можеме, истакнува Антиќ.

Тој ги нагласува колективната игра и одличната атмосфера во националниот тим како пресудни за успесите на „црвено-жолтите“.

Антиќ не им забележува на оние што упатуваа критики за необезбеденото место на Олимпијадата во Лондон.

– Не критикуваа поради тоа што не успеавме да се пласираме на ЛОИ во Лондон. Но, добро, тоа е нормално кога очекувањата се големи, а спортистите мора се да издржат.

Македонскиот кошаркар и дефинитивно потврди дека има намера да настапи на Европското првенство во Словенија.

– Се надевам дека ќе бидеме живи и здрави, без повреди и дека ќе сториме се за да оствариме што е можно подобар пласман во Словенија. Да видиме дали ќе можеме да го повториме пласманот од ЕП во Литванија кога го освоивме 4.место, изјави македонскиот капитен.

Антиќ со Олимпијакос го очекува плеј-оф во првенството на македонскиот сосед, а потоа одмор, пред почетокот на подготовките за евро-шампионатот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ