Почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“

Од:

Во Дебар денеска почнува 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој наместо во Центарот за култура како досега, поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржи на отворено, во дворот на основното општинско училиште „Саит Најдени“.

На фестивалот ќе учествуваат три театарски куќи од Тирана и една од Фиер, Албанија, една од Приштина, Косово, како и по една од Тетово и од Скопје.

Фестивалот ќе трае шест дена, а го отвора Театарската продукција ДВШ од Тирана со претставата „Не зборувам, не гледам, не слушам“, во режија на Донард и Дрини Хасани.

-Чувството на задоволство е огромно што ја продолжуваме традицијата на одржување на фестивалот, бидејќи поради паднемијата беше доведено во прашање неговото одржување. Имаме квалитетни театарски куќи и претстави, кои се надевам ќе и се допаднат на дебарската публика, која и тоа како знае да оцени што е добра претстава. Годинава имаме голема, како никогаш досега подршка од локалната власт и градоначалникот Хекуран Дука, за што сме многу благодарни, изјави Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

Фестивалот ќе биде затворен на 29 септември со претставата „Бела жалост“ во режија на Милто Кутали, а во изведба на театарот „Булис“ од албанскиот град Фиер. Потоа ќе следува доделувањето на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

Одржувањето на фестивалот како и изминатите изданија и овој пат финаниски е подржано од Министертвото за култура, од локалната власт, како и неколку компании.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“