Каракачанов понуди оставка, се премисли и ја повлече, па пак се пишмани

Од:

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов повторно го смени својот пост на мрежа Фејсбук и го врати делот кој го избриша претходно, во кој изрази подготвеност да се повлече од сите функции, јави БГНЕС.

Рано утрово на Фејсбук се појави објава на Каракачанов по повод Денот на независноста, во која се вели дека тој е подготвен да се повлече и повика на формирање експертска влада.

Малку подоцна беше повлечен тој дел, за сега повторно да е вратен во објавата.

„Ако ме прашувате мене, повеќе од сè, сега е потребен формат на дијалог. Подготвен сум да го гарантирам овој дијалог. Јас самиот неодамна ветив дека ќе се повлечам од функцијата вицепремиер ако Бојко Борисов и Румен Радев пружат рака во име на намалување на тензиите и експертски кабинет за да ја извадат Бугарија од оваа сегашна политичка криза без реваншизам и политичка пристрасност. Јас го предложив ова на Денот на обединувањето и потсетувам на Денот кога ја славиме Независноста“, напиша Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски