Убиецот на Џон Ленон ѝ се извини на Јоко Оно

Од:

Убиецот на Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по 40 години од убиството, ѝ се извини на Јоко Оно – вдовицата на славниот член на групата „Битлс“.

На Чепмен (65) пред скоро еден месец по 11-ти пат му беше одбиено барањето за условно пуштање од затвор. Тој издржува доживотна казна и ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условно ослободување.

Според записниците од последното сослушување, тој пред судските власти изјавил дека го извршил убиството за да стекне слава.

– Сакам да го додадам и да го нагласам тоа. Тоа беше крајно себичен чин. Жалам за болката што ѝ ја нанесов нејзе (на Оно). Постојано мислам на тоа, вели Чепмен.

Тој го уби Ленон со пиштол на 8 декември 1980 година пред зградата Дакота во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Нов документарец со ексклузивен материјал за убиството на Џон Ленон

ВИДЕО: Доли Партон сними обработка на „Let it be“ со Пол Макартни и Ринго Стар

Наддавање со досега необјавени песни на Џон Ленон

Ана Ололовска

Пол Мекартни го издаде својот 18-ти соло албум „Мекартни III“

Ана Ололовска

Пол Мекартни најави нов албум во декември

Ана Ололовска

На убиецот на Џон Ленон по 11 пат му е одбиено барање за условно ослободување

Ана Ололовска