Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Од:

Композиторката Ана Пандевска ќе има светска премиера на новата композиција под наслов „Carousel“ на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд во Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

Пијанистката Елзесер, која живее и твори во Германија, често го промовира македонското творештво на странските сцени.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло рецитал на Фестивалот насловен „Бизарни светови“, а во склоп на рециталот во тесниот избор на дела се најде и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал.

На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска