Нетанијаху се откажа од „летечката спална соба“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху реши да се откаже од уредувањето на „летечка спална соба“ во неговиот службен авион.

Ваквото решение е донесено по острите критики во домашната јавност, откако една израелска телевизија ги откри деталите за цената на чинење за преуредувањето на авионот на државната компанија „Ел Ал“ за патувањето на Нетанијаху и на неговата сопруга на летот кон Велика Британија, каде минатиот месец присуствуваа на погребот на поранешниот британски премиер Мргарет Тачер.

За поставување на четири монтажни ѕидови, врата и еден брачен кревет, како и за уредување на 22 места во бизнис класата за придружбата на премиерот, биле потрошени 127.000 долари, на што треба да се додадат уште околу 300.000долари за изнајмување на патничкиот авион и за летот.

Толку средства потрошени од државниот буџет за само еден лет до Лондон кој обично трае 5,5 часа, предизвика силен револт во израелската јавност. Весниците, посебно оние од блиски до левицата, го нарекуваа Нетанијаху „кралот Биби“ според надимакот што го има премиерот и бараа отчет за тоа како канцеларијата на премиерот се „расфрла со народни пари“.

Откривањето на деталите за скапиот ноќен лет на премиерот остро го осуди опозицијата за која е срамно вакво расфрлање со пари во време кога Израел и неговите жители се соочуваат со остри мерки за кратење на буџетските трошоци.

Претставник на Кабинетот на Нетанијаху изјави дека тој морал „добро да се одмири затоа што имал голем број обврски во текот на денот“, но рече дека премиерот не знаел оти преуредувањето на авионот е толку скапо. Владата сепак одлучи на патувањата кон Европа повеќе да не се прави „ноќна спална“ за Нетанијаху.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег