Кина испрати трет поморски сателит во вселената

Од:

Кина денеска испрати уште еден поморски сателит во вселената, објавија локалните медиуми.

Нов сателит за мониторинг на море и океан е лансиран од Центарот за лансирање сателити од Џикуан, објави новинската агенција Ксинхуа.

Кинеската ракета „Лонг Марч-4Б“ го носеше сателитот Хаијанг-2С (HY-2C), кој полета околу 13,40 часот по локално време.

Тоа е третиот кинески поморски сателит кој се приклучува на претходните сателити HY-2B „за да изврши исклучително прецизен мониторинг на морската околина“.

Всушност тоа беше и 347. лансирање од ракетната серија Лонг Марч. Кина минатата недела испрати најмалку девет сателити во вселената.

Сателитите од групата Џилин-1 Гаофен 03-1 полетаа од Жолтото Море. Кина исто така го испрати набљудувачкиот сателит Гаофен-11 02 во орбитата со лансирното возило „Лонг Марч-4Б“. Ќе се користи за мапирање како дел од амбициозната иницијатива на Кина наречена „Појасот и патот“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски