Скопје со нови рекламни паноа

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ги промовираше новите унифицирани рекламни паноа кои ќе бидат поставени на 1.100 локации низ градот, од кој 800 ќе бидат билборди, 252 сити лајт и 48 ЛЦД панели.

На двата јавни тендери што ги распиша градот, избрани се четири концесионери, „Акцент медиа“, „Скрин-медиа“, Кала плакат“ и „Медиа -С“, со кои се финализира постапката пред потпишување. Договорите со компаниите се склучуваат на 15 години.

Концесионерите, на претходно прецизираните локации, имаат обврска да ги постават рекламните паноа според добиениот пакет, 200 локации за билборди по 63 за сити лајт и 12 локации за ЛЦД панели.

– За поефикасно менаџирање со билбордите низ градот, одбравме повеќе компании со цел да се овозможи конкуренција во цените на рекламирање, поточно да нема монопол при изнајмувањето рекламен простор, изјави градоначалникот Трајановски.

Обликот и материјалот, рече тој, од кој што се изработени новите рекламни паноа се одредени во Студијата за рекламните паноа што за Градот Скопје ја изработи надворешен консултант избран на јавен повик.

Концесионерите се должни да плаќаат годишен надоместок од 302.000 евра во кои е вклучена и цената за струја што градот треба да ја надомести кон ЕВН. На годишно ниво по овој основ во касата на Градот Скопје ќе се слеат 1.208.000 евра.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје