Европа не би требало да брза со основањето на единственото банкарско тело за гаснење на пропаднатите банки, туку пред се треба да се фокусира на соработката меѓу националните агенции, изјави денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Според него основањето на орган за гаснење на ослабените банки е еден апекст на банкарската унија, чија цел е стабилизирање на финансискиот систем на еврозоната.
Официјалните претставници од Европската централна банка (ЕЦБ) повикаа за формирање на силна централизирана власт, која ќе има финансиска поддршка од европскиот фонд и која ќе донесува одлуки за затворање на банките.
Официјален Берлин, меѓутоа укажа дека воспоставувањето на таков орган води кон измени на основачките спогодби на Европската унија, што може да биде тежок и долг процес.
Шојбле за денешното издание на „Фајненшл тајмс“ изјави дека Германија „без какви било резерви“ ќе го разгледа предлогот, кој го подготивила Европската комисија за основање на механизам, кој ќе ги реши проблемите со ослабнатите банки.
– Не би требало да даваме ветување, кое нема да можеме да го одржиме, рече Шојбле и додаде дека пробитните предвидувања, според кои единствениот банкарски супервизор би требао да почне со работа на почетокот на оваа година го загрозуваат кредибилитетот на ЕУ.
Тој исто така порача дека механизмот засован на мрежата на национални супервизори може да почне да работи, тогаш кога ќе биде воспоставен единствен механизам за надзор на банкарскиот сектор на еврозоната.