„Си воч“: Блокадата на бродот е политички мотивирана

Од:

Германската хуманитарна група „Си воч“ (Sea watch) денеска соопшти дека блокадата на нејзиниот брод во сицилијанското пристаниште Палермо од страна на италијанските власти е политички мотивирана.

Шефот на мисијата „Си воч 4“, Филип Хан 11 часовната инспекција на бродот ја оцени како „систематски потег за спречување на цивилните операции за спасување на море во централниот дел на Средоземно Море“.

Тој истакна дека инспекцијата е спроведена поради тоа што бродот не е регистриран за спасување на животи.

Според италијанските власти на бродот имало премногу спасувачки елеци, а канализацискио систем на бродор не е адекватен на бројот на спасени лица.

„Си воч 4“ е петти спасуваки брод што е блокиран од италијанските власти за пет месеци. „Си воч 4“ е управуван од четири хуанитарни групи, меѓу кои „Си воч“ и Лекари без граници.

Бродот спасил 354 лица, од ки 98 малолетници без придружба, семејства, бремени жени и деца, но со денови чекаше да му се додели безбедно пристаниште, а спасените мигранти не се префрлени во карантин. Екипажпот на „Си воч 4“ помина двонеделен карантин во близина на Палермо.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски