Осквернавена црквата „Свети Атанасиј летен“ во дебарското село Рајчица

Од:

Непознати сторители деновиве влегле во црквата „Свети Атанасиј летен“ која се наоѓа во горното мало на селото Рајчица на 1,5 км од Дебар.

Случајот во полиција и во дебарската парохија го пријави Киро Радоешки, ктитор на црквата.

– По пријавата, екипа на дебарската полиција направи увид, при што утврдено е дека непознатите сторители во божјиот храм влегле насилно, со кршење на катанецот на влезната врата. Со себе земале 1.200 денари кои верниците ги оставиле за купени свеќи или за здравје, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Црквата е стара повеќе од 150 години. Некогаш тука живееле повеќе од сто жители православни Македонци, денес нема ни еден. Руинираната црква, во која за среќа се зачувани дел од фреските е обновена по иницијатива на Киро Радоешки, чија мајка потекнува од ова маало и која е осветена пред две години. Тој сега се грижи за неа.

Претходно, вандали ги осквернавеа црквите „Свети Димитрија“ во селото Броштица, црквата „Успение на Пресвета Света Богордица“ во Дебар од каде однесоа триесеттина вредни икони, како и црквите во селата Долно Мелничани, Тресонче и Лазарополе.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски