Министерството за надворешни работи на Белорусија денеска соопшти дека евентуално учество на белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја на претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, го смета за мешање во внатрешните работи на Белорусија.
Министерството во соопштението наведува дека ги информирало европските дипломати за својот став.
Според претходните извештаи во руските медиуми, Тихановскаја се очекува да учествува на министерскиот состанок на ЕУ, закажан за следната недела.