Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Од:

Во Штип синоќа со макфестовските евргрини почна 35-то издание на Фестивалот за музика „Макфест“. Поради пандемиијата, фестивалот за првпат излезе на отворено на Градскиот плоштад „Слобода“, публиката со заштитни маски и на растојание од метар и половина уживаше и потпевнуваше на безвременските хитови, интерпретирани од Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн“ и Хелена Благне. Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди“.

Вечерва е натреварувачката фестивалска вечер, на која ќе се испејат 24 нови макфестовски песни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации