Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро брз граници“, кој ќе се одржи денеска и утре, овогодишното 29-то издание ќе го реализира со помош на „Јутјуб“ каналот и „Фејсбук“ страницата на Детскиот културен дом Карпош.
Фестивалот ќе почне во 12 часот, а децата од осум држави два дена ќе играат и ќе се дружат виртуелно.
На фестивалот ќе настапат фолклорни друштва од Србија, Грција, Турција, Бугарија, Словачка, Полска, Хрватска и Детскиот културен центар Карпош, како домаќини и ансамблот Македонија и Каршиака како гости.
Главен покровител на оваа манифестација е Град Скопје.