ВИДЕО: Градоначалникот Зоран Зимбаков го демантира ВМРО-ДПМНЕ околу фабриката за канабис во Босилово

Од:

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, ги демонтира наводите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој денеска изјави дека постојат сериозни сомнежи дека „функционери на СДСМ, екс пратеници, градоначалник, советници, општински моќници, на чело со Зоран Заев се дел од злосторничко здружување кое на штета на буџетот на државата и спротивно на закон го зголемуваат својот имот и вртат милиони.“

ГИ ДЕМАНТИРАМ обвиненијата од белиот дворец, и обидот за деградирање лично на мене како човек но и како функционер кои ужива висок рејтинг и углед во средината во која живееам и работам. Воедно денешното обраќање нека Ви биде и лекција за во иднина, лесно е да обвиниме но треба да поседуваме докази и аргументи, а не да изнесувате податоцо кои се неточни и неиздржани,“ пишува Зимбаков на Фејсбук, каде објави и видео изјава со демантот:

Еве го во целост соопштението на градоначалникот Зимбаков:

„НЕ Е ТОЧНО ДЕКА Барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект од локално значење на КП бр.275 во КО Петралинци е заверено на 16.04.2016 година, значи Барањето е заверено под УП1 бр. 10-4224 од 16.04.2018 година. Во прилог кон барањето се приложени Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за утврдување на фактичка состоја на бесправно изградени објеркти заверен под бр.08-698/3 од 15.05.2018 година изработен од овластен геодет Кире Анѓелковски. Во елаборатот има приложено имотен лист каде се гледа дека сосопствениците Драган Ѓорѓиев и Атанас Јанушев, сосопственост на парцелата КП бр.275 во КО Петралинци имаат стекнато со договор за купопродажба заверен под ОДУ бр.360/18 од 02.03.2018 година.
ШТО ЗНАЧИ НЕ Е ТОЧНО ДЕКА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЧУВА БРОЕВИ ВО АРХИВАТА за евентуално подржување и потпомагање на злосторнички здружувања како што Вие изнесовте.

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА И БАРАЊЕТО Е ПОДНЕСЕНО 2 ГОДИНИ ПРЕД СТЕКНУВАЊЕТО НА СОСОПСТВЕНОСТ на ПАРЦЕЛАТА КП бр.275 КО Петралинци од страна на соспствениците Драган Ѓорѓиев и Атанас Јанушев.

Барателите уредно под полна морална, материјална и кривична одговорност имаат заверено изјава под бр.ОДУ 839/18 од 16.05.2018. Врз основа на целокупната документација на 31.05.2018 година од Совето на општина Босилово донесена е Одлука бр.08-1278/1 за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр.275 во КО Петралинци со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија со подгрупа Г6 др. објекти од лесна и незагадувачка индустрија, констатирајќи дека се исполнети условите за вклопување на бесправниопт објект вон урбанистичко-планската документација согласно стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планската документација, изгласана на Совет со 14 гласа за и 1 глас воздржан.

ПА ГОСПОДО ОД БЕЛИОТ ДВОРЕЦ ЗАРЕМ И ВАШИТЕ СОВЕТНИЦИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ ОРГАНИЗИРАНО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ЗОРАН ЗАЕВ?????

Врз основа на донесената одлука од Советот на 31.05.20018 година излезено е на лице место и е составен записник врз основа на кои на 01.06.2018 година под УП1 бр.10-4224 и е издадена Урбанистичка согласност за бесправен објект како и Заклучок за плаќање на надоместокот за утврдување правен статус на бесправен објект во висина од 38.869,8 денари. По платениот надоместок од страна на Градоначалникот на општина Босилово донесено е Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект УП1 бр.10-4224 од 01.06.2018 година. Странките на записник изјавија дека се откажуваат од правото на жалба по што Решението стана правосилно истиот ден и беше пуштено во Агенцијата за катастар на недвижности за запишување на правото на сососптвеност на бесправно изградениот објект.

Обвинувањата за брзото решавање на предмето ГИ ДЕМАНТИРАМ бидејќи истото е во согласност со Законската регулатива, но и во интерес за побрз локален економски развој и подршка на бизнис заедницата. Истата таа фирма денес има вработено 30-тина луѓе со најниска плата од 20.000,00 денари.

СПРОТИВНО НА ВАШИТЕ ЛАЖНИ ОБВИНЕНИЈА- ВИСТИНАТА Е:
1 Стекната сосопстевеност на 02.03.2018 година
2, Барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект од локално значење на КП бр.275 во КО Петралинци е заверено на 16.04.2018 година
3. Одлука на совет 31.05.2018 година
4, Записник од комисија за увид на лице место од 31.05.2018 година
5. Урбанистичка согласност од 01.06.2018 година
6. Заклучок за плаќање на надоместокот за утврдување правен статус на бесправен објект од 01.06.2018 година во прилог поткрепена со уплатница од 01.06.2018 година
7.Решение за легализација од 01.06.2018 година кое веднаш по потпишувањето на изјавата за откажување на правото од жалба стана правосилно и објектот е впишан во јавната книга на АКН.
Со тоа сакам да кажам дека на денот на увидот објект ИМАЛО. Во вашите лажни обвинувања не верувате ни самите вие. Ние работиме и ќе работиме во интерес на нови вработување, подршка на бизнис заедницата и локален економски развој.
Зоран Зимбаков како градоначалник и општинската администрација поминаа низ неколку контроли од Државен управен инспекторат, Државен градежен инспектор, Јавно обвинителство, МВР и низа други институции и немаше ниту една забележка. Вратите на општината додека јас ја раководам се секогаш отворени за проверка на законитоста и уставноста на моето работење.

Барам јавно извинување од Вас за сите лажни обвинувања, клевети и нарушување на мојот углед.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски