Во Албанија во сообраќајни несреќи во 2012 загинале 300 лица

Од:

Полициската статистика потврдува алармантни бројки за сообраќајни несреќи по албанските патишта, кои од година во година се се побројни, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Во земјата лани се регистрирани 1.800 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле најмалку 300 лица и тоа најмногу во летните период, кога фрекфенцијата на возила е најголема, поради престојот на емигрантите и туристите, пренесува весникот „Шекули“.

Спред истиот извор, стотици повредени во собраќајките се здобиле со трајна инвалидност Според полицијата главни причини за големиот број на собракајни несреќи се лошата патна инфраструктура, немањето сообраќајната сигнализација, неприлагодена брзина според услови на патот и непочиувањето на сообраќајните правила и прописи.

Сообраќајната полиција на Албанија видно ги засили превентивните и репресивни мерки, со постојана засилена контрола на сите патни правци, како и низ градовите но и тоа не услови намалување на несреќите.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски