Серена триумфираше во Мадрид

Од:

Американката Серена Вилијамс е победничка на тенискиот турнир во Мадрид. Таа во финалето ја совлада Марија Шарапова и со оваа победа се задржа на лидерска позиција на ВТА листата.

Во меч што траеше 1 час и 21 минута, Вилијамс во два сета со 6:1 и 6:4 славеше над Шарапова. Светскиот рекет број 1 беше супериорна во првиот сет, кој го освои за 34 минути и навести дека лесно ќе стигне до трофејот во шпанската престолнина.

За американската тенисерка ова беше 13-та победа во во 15-тото соочување со Шарапова, која последен пат славеше над Вилијамс уште во 2004-тата година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ