Во извештајот за 2013 година Европол предупредува дека забележан е енормен пораст на крајнодесничарскиот екстремизам во земјите членки на Европската Унија.
Во извештајот се наведува дека е забележано заострување на исламофобијата, но и дека се остварувале бројни средби на крајнодесничарски групи во Данска и Шведска посветени на „справувањето со џихадот“.
Исто така, во документот се нагласува дека екстремистите имаат многу лесен пристап до оружје и експлозивни материјали.