Ирански суд ја укина забраната за агенцијата Ројтерс и и дозволи да ја обнови својата работа во Иран.
Заменик-министерот за култура Џафар Мохамадџаде изјави дека одлуката на судот била предадена на адвокатот на Ројтерс.
Агенцијата беше забранета од иранските власти, откако објави информации за воена обука на ирански жени во април 2012 година.