Средба на министерот Спасовски со рускиот амбасадор Баздникин

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствaри работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Александрович Баздникин.

На средбата, информираат од Министерството, Спасовски и амбасадорот Баздникин, меѓудругото, разговарале за продолжување на веќе успешно воспоставената билатерална соработка помеѓу ресорните министерствата на двете земји, особено во поглед на борбата против организираниот криминал, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката во областа на борбата против сајбер криминалот преку пружање на експерти за поддршка.

Амбасадорот Баздникин на министерот Спасовски му го честитал повторното стапување на функцијата – министер за внатрешни работи, со желби за уште поуспешно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји на безбедносен план.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари