Висок претставник на Стејт департментот во посета на Тајпеј

Од:

Државниот потсекретар на САД, Кит Крач ќе престојува во тридневна посета на Тајван, автономен остров за кој Кина смета дека е нејзина територија.

Крач ќе се сретне со тајванската претседателка Цај Ингвен и други високи тајвански претставници, соопшти денеска тајванското Министерство за надворешни работи.

Потсекретарот на Стејт департментот за раст, енергетика и животна средина е највисокиот службеник на таа институција кој го посетил Тајван во последните неколку децении.

Односите меѓу САД и Тајван беа официјално прекинати во 1979 година, но тие се уште се одржуваат неофицијално. САД се најважниот сојузник на островот, пред се во снабдувањето со воена опрема.

Кина, која се спротивставува на сите официјални врски на островот со други земји, ја осуди посетата и предупреди дека може да возврати.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска изјави дека посетата на Крач ги крши американските обврски кон Кина и го зајакнува сепаратизмот на Тајван.

Пред оваа посета, американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт се состана со шефот на Канцеларијата за економија и култура на Тајпеј во Њујорк, Џејмс Ли.

Таа средбата ја нарече „историска“ и оцени дека тоа е уште еден чекор во кампањата на претседателот Доналд Трамп за зајакнување на односите со островот.

Американски медиуми наведуваат дека ова ќе ги продлабочи веќе постоечките тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски