Со СМАРТ финансии побрзо надминување на кризата и побрз и одржлив економски раст

Од:

Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на Министерството и министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која присуствуваа поранешни министри за финансии и експерти од областа на економијата и финансиите.

На дискусијата, како што соопшти Министерството за финансии, учествуваа поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини, Таки Фити и Нина Ангеловска, како и претставници на академската и експертска јавност Мирољуб Шукаров, Глигор Бишев, Зоран Јовановски, Никица Мојсовска-Блажевски, Јетон Мазлами, Александар Стојков и Изет Зеќири, а беше посочено дека корона-кризата, пред сѐ поради нејзиниот глобален и неизвесен карактер, и понатаму останува закана за домашната економија, како и дека е потребно преземање повеќе активности за надминување на истата, а потоа и поттикнување на економскиот развој.

Беше истакната потребата од преземање нов сет антикризни мерки, во делот на зголемување на домашната потрошувачка, но истовремено делување и на страната на понудата, односно зајакнување на приватниот сектор и поттикнување на инвестициската активност преку ликвидносни инјекции.

Исто така, е посочена потребата од паралено преземање системски мерки во делот на финансиите и во насока на реструктурирање на економијата, како и стратешката потреба да се работи на креирање попредвидлив амбиент и поголема конкурентност на економијата.

Зборувајќи за мандатните цели и приоритети, министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека ќе се воведе концепт на паметни финансии или СМАРТ финансии (Strategical, Maintainable, Accountable, Reform-oriented, Transparent), односно систем на јавни финансии што ќе се базира на јасна стратегија и ќе биде одржлив, одговорен, реформски ориентиран и транспарентен, кој ќе придонесе во надминувањето на кризата на среден рок и побрз економски раст на долг рок. Концептот треба да дејствува во повеќе насоки – пред сѐ да го зајакне процесот на планирање, подолгорочно буџетирање на средствата, кое освен поголема предвидливост ќе донесе и подобра реализација на проектите и програмите, кои вообичаено се во тек на повеќе фискални години. Понатаму тој систем ќе биде ориентиран кон мерење на резултатите и согласно тоа кон дејствување во иднина, како и кон фискална транспарентност, којашто е највисокиот степен на буџетска контрола.

Министерот за финансии најави дека ваквите панел-дискусии, консултации со академската и експертската јавност, како и општествените чинители: бизнис-заедницата, невладиниот сектор – ќе станат практика во Министерството за финансии, со цел преку размена на видувања и идеи да се дојде до оптимални решенија за ревитализирање на економијата и забрзување на растот.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска