Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди тихоокеанската островска држава Тонга вчера кусо по 20:46 часот според Гринич, но предупредување за цунами не е издадено, соопштува националниот информативен сеиозмолошки центар при Институтот за геофизика на САД.
Епицентарот бил на 353 километри северозападно од главниот град Нукуалофа, на 205 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.