Изненадувачки, Индијана и Мемфис поведоа со 2:1

Од:

Тимот на Индијана Пејсерс, ја сочуваа победата на гости кај Њујорк и пред својата публика совладувајќи ги Никси со 82:71 за водство од 2:1.

Триумф за кој најзаслужен беше центарот Рој Хиберт, со своите 24 поени и 12 скокови, предводејќи ја својата екипа која со 53:40 ги натскока гостите од Њујорк.

Џорџ Хил го следеше Хиберт со своите 17 поени, а Пол Џорџ за малку не дојде до својот втор плејоф трипл-дабл во кариерата завршувајќи ја средбата со 14 поени и по осум скокови и асистенции на кои додаде и пет украдени топки.

Единствен двоцифрен кај слабите Никси беше Кармело Ентони со својот 21 поен и шут од игра од 6/16. Вториот стрелец на Њујорк Џеј-Ар Смит беше задржан на девет поени и шут од игра од 4/12.

Единствено позитивно за Никси од овој пораз е камбекот во тимот по подолгата пауза на Амари Стадемаер, кој на теренот мина девет минути во кои постигна седум поени.

Центарот на домашната екипа се најде во центарот на вниманието и во Мемфис, каде Гризлис по едната победа во Оклахома Сити се најдоа во иста ситуација пред своите фанови како и Индијана.

Овој пат до победата од 87:81 домашниот тим го предводеше Марк Гасол со своите 20 поени, девет скокови и двете слободни фрлања на минута до крај со кои Мемфис се стекна со клучната предност на средбата. Шпанецот дури 16 од своите 20 поени постигна во решавачкото второ полувреме.

Во победата за 2:1 за Гризлис придонес имаа и Мајк Конли и Тони Ален со по 14 поени, како и Џерид Бејлис, кој додаде 11 поени од клупата за Мемфис.

Кевин Дурент со 21 поен ги предводеше Тандер, но нетипично за него не реализираше две слободни за изедначување на 39 секунди до крајот, а и во последната четвртина беше задржан на само два поена. Ол-стар крилото покрај 25-те поени имаше и 11 скокови и пет асистенции во поразот на својата екипа. Реџи Џексон го следеше со 16 поени и 10 асистенции, а Серж Ибака и покрај своите 13 поени, 10 скокови и четири блокади имаше очаен шут од 6/17.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on