(ВИДЕО) Јанкулоска: Нема ништо спорно со гласачите од Пустец

Од:

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска не гледа ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија.
Во интервју за Радио Слободна Европа, Јанкуловска на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, му забележува дека од кога дошол на функцијата градоначалник, наместо да се зафати со некои суштински прашања кои се од негова надлежност, тој постојано се обидувал да ја дефокусира јавноста.

„Впрочем еве веќе цела недела па и повеќе, тој ја занимава јавноста со наводен обид за негов поткуп, меѓутоа до денешен ден ниту пријавил такво нешто, ниту пак обезбедил каква било информација до надлежните институции врз основа на која ние би можеле да постапиме и да го расчистиме случајот“, вели Јанкуловска.

Обвинителот, вели, постапувал по јавно допрен глас, аодговорноста на секој поединец е да даде свој придонес во борбата против криминалот и корупцијата. Прикривањето, посочува Јанкуловска, на кривично дело е само по себе пропишано како кривично дело во Кривичниот законик. Посебна е одговорноста на јавните личности.

„Ако не ги каже јавно личностите кои му нуделе поткуп, за кои тој тврди дека му нуделе поткуп, тогаш легитимно јавноста ќе почне да се сомнева дека тој е соучесник во една таква операција или, пак, дека свесно одел со манипулација, да не речам лага, со цел да привлече внимание врз себе или, пак, да го одвлече вниманието од некои суштински прашања со кои тој треба да се занимава“, вели Јанкуловска

Јанкуловска во интервјуто, иако неколку пати новинарот бараше одговор за случајот „Пустец“, одговорот го префрлаше дека и во Кичево и Струга биле носени луѓе за да гласаат.

Јанкуловска не одговори конкретно ни на прашањето дали видела 60 луѓе од Пустец коишто живеат во ист стан.

„Јас повторно ќе ве вратам на суштината на прашањето. Нема ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија. Имаат право и да учествуваат на парламентарни избори, имаат право и да учествуваат на локални избори. Дали 7000 луѓе дошле и гласале во Кичево, дали илјадници луѓе дошле и гласале во Струга или во Штип или во Центар или во Струмица или во која било друга општина, тоа е веќе прашање на избор на поединецот дали ќе го оствари своето избирачко право, но тие луѓе ги имаат истите права како што ги имаме и јас и вие и кој било градоначалник или член на совет на општина, која било јавна личност и кој било обичен граѓанин – државјанин на Република Македонија. Правата се гарантирани и тие мора да бидат еднакви за сите“, одговори Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он