Приходите и расходите во буџетот согласно проекциите, четвриот пакет мерки нема да го зголеми долгот

Од:

Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно. Приходите и расходите во Буџетот се согласно проекциите со ребалансот на буџетот.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната прес-конференција на која презентираше приоритетите во неговиот четиригодишен мандат како прв човек на Министерството за финансии.

-Нашата задача е и што побрзо да се вратиме на патот, кој ќе донесе солиден економски раст, достоинствени плати, создавање нови работни места и намалување на невработеноста, предвидлива даночна политика и генерално, европска иднина тука, за нашите граѓани, рече Бесими додавајќи дека на ова се обрзал пред Парламентот и кон себе лично кога прифатил да биде министер за финансии.

Уверен е дека успешно ќе биде завршена неговата мисија, но оценува дека нема да биде лесно.

-Состојбата е многу сериозна особено што е голема неизвесноста поради здравствената криза. Во првата половина од годината има реален пад на економската активност од 6,4 проценти. Согласно ребалансот кој е направен во мај приходите се скратени за 11,5 отсто во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал годинава изнесуваше 50,7 проценти од БДП. Зависно од проширувањето на здравствената криза можно е да има соодветна корекција на проектираниот економски раст во периодот што следи, но најважно е да ги заштитиме ранливите сегменти кај граѓаните и стопанството, истакна Бесими.

Како што истакна, приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното. Заклучно со 15 септември реализација на расходната страна во Буџетот е 68,9 отсто и 65,5 проценти на приходната страна, а реализацијата на капиталните инвестиции е 41,2.

-Во наредниот период ќе настојуваме приходната и расходната страна да генерира стабилно финансирање на Буџетот. Една од причините за ваквата состојба на Буџетот е што се случи корона-кризата, имавме техничка влада и вонредна ситуација во која голем дел од проектите или не почнаа да се реализираат или имаше застој. Низ целиот свет имаше административна забрана се затворија многу економски активности така се случи и кај нас. Тоа е еден дел од објаснувањето за општата ситуација гледано од тој аспект приходите сега, за сега се реализираат во рамките на тоа што е планирано во проекциите, посочи Бесими и додаде дека минатиот месец, додаде, имавме за 17,1 отсто помалку приходи кај даночните приходи или за 13,9 отсто помалку од август минатата година. Во јули состојбата беше подобра.

Посочи дека се работи на четвртиот сет мерки и дека најдоцна до крајот на месецот ќе имаме предлог мерки кои ќе зависат од висината на чинење на пакетот на мерки, а средствата ќе се обезбедат најпрво со репрограмирање.

-Ќе одиме со репрограмирање на средства од проектите за кои со голема веројатност се знае дека нема да се реализираат до крајот на годината со цел да има ефикасно и оптимално алоцирани средства што се планираат. Соодветно од големината на пакетот ќе видиме колку ќе влијае на јавниот долг за кој имаме јасно дефинирана позиција да биде во рамките на стабилно финансирање на нашата економија, рече Бесими и додаде дека доколку се носи одлука за ребаланс тоа ќе биде до крајот на месецот.

Прецизира дека во рамките на постојниот Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60 проценти од БДП.

-Сега подготвуваме четврти сет мерки и за да најдеме доволно средства за негово финасирање ќе гледаме каде има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се се дефинира сетот на мерки, потенцира Бесими.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска