Личните податоци на околу 300 белоруски полицајци се објавени на Интернет од 9 август, изјави денеска раководителот на Одделот за внатрешни истраги при Министерството за внатрешни работи, Андреј Паршин.
– Податоците за околу 300 полицајци се на Интернет од 9 август. Повеќе од 250 полицајци и членови на нивните семејства се соочија со разурнувачки притисок, рече тој, пренесе БелТА.
Белоруското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека се работи на сите извештаи во врска со закани, клевети и навреди на полицајци и членови на нивните семејства, како и протекување на нивните лични податоци во медиумите, пренесе ТАСС.
Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори, на кои Александар Лукашенко прогласи победа. Изборите се оспорени од опозицијата и од Европската унија. Белоруската полиција приведе голем број демонстранти.