Промоција на четвртиот роман на Фросина Пармаковска „На враќање“ во МКЦ

Од:

Издавачката куќа Или-Или денеска во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот ќе го промовира четвртиот роман на Фросина Пармаковска насловен „На враќање“.

За романот ќе говорат Октај Ахмед и Душко Крстевски.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Има објавено раскази во книжевни списанија, а во 2013 година го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“. Нејзинот втор роман „Вишнова хроника“ влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и на украински јазик. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018 година, на Саемот на книга, го доби признанието за најуспешен домашен автор што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска