Против грип во земајава се вакцинираат 6,9 отсто од лицата над 65 години, во ЕУ 41,4

Од:

Само 6,9 отсто од лицата над 65 години во С.Македонија се вакцинираат против сезонски грип. Според податоците на Еуростат, тоа е најнизок процент на имунизација на оваа категорија граѓани меѓу земјите од ЕУ и државите кандидати за членство.

Во ЕУ просекот на лица над 65 години кои се вакцинираат против грип е 41,4. Највисок е во Ирска 68,5 отсто, во Холандија 62,7 и во Португалија 60,8 проценти. На дното на листата се Летонија со 7,7, Естонија 10,2 и Словенија и Словачка со 12,5 отсто.

Од земјите во регинот највисок процент на имунизација има во Грција 56,2, во Хрватска е 29, во Црна Гора 13,6, а во Србија е 11,1 отсто.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип