Асанж во САД би можел да биде осуден на 175 години затвор

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде осуден на 175 години затвор, ако одлучи да биде екстрадиран во САД, предупреди вчера американскиот адвокат Ерик Луис.

Тој во своето сведочење преку видео врска истакна дека бара казна за Асанж во висина од околу 20 години, но оти може да биде побарана и казна и до 175 години.

Луис истакна дека Владата на САД е многу строга кон обвинетите за закана по националната безбедност.

Сослушувањето на Асанж ќе продолжи на почетокот од октомври.

Американските власти го товарат Асанж за хакирање на владините комјутери и кршење на законот за шпионажа поради објавување на доверливи телеграми на Викиликс во периодот од 2010 до 2011 година.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“