На граничниот премин Хоргош на српско – унгарската граница, српската гранична полиција открила 17 килограми марихуана во автомобил со македонски регистерски таблички, пренесуваат утрово српските медиуми.
Марихуаната, како што јавуваат медиумите, била сокриена во подот на возилотo, а 46 годишниот возач, македонски државјанин, е задржан во полициска станица.