Стартува плејофот во машкиот кошаркарски шампионат

Од:

Во кошаркарското првенство на Македонија, денеска ќе се играат првите натпревари од полуфиналето во плеј-офот.

Во разигрувањето за шампионската титула, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув покрај предноста на домашниот терен во дуелите со Фени Индустри и Работнички, ќе имаат и предност од 1:0 во победи поради подобриот меѓусебен „скор“ во лигашкиот дел.

МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Фени Индустри во натпреварот кој ќе се игра пред празни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ поради казната за актуелниот шампион заработена во дуелот со Работнички.

Во Гевгелија, Кожув ќе биде домаќин на Работнички.

Двата натпревара ќе започнат од 19 часот, а полуфиналната серија се игра во три добиени средби.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ